Сензација во Рим, Алкараз елиминиран од тенисер 135-ти на АТП листата

Унгарскиот тенисер Фабијан Марожан, 135-рангира на АТП листата, направи денеска големо изненадување откако во третото коло на мастерсот во Рим го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 6-3, 7-6.

За триумфот над Алкараз, кој од следниот понеделник повторно ќе го преземе првото место на АТП рангирањето, на Марожан му беа потребни еден час и 42 минути игра.

Противник на Марожан во осминафиналето на турнирот во Рим ќе биде Хрватот Борна Чориќ.