Фудбалерите на Реал Бетис прередија сензација победувајќи ја нејзиниот „Камп Ноу“ Барселона со 4:3, во дуел во кој по речиси едномесечна пауза во тимот се врати капитенот на Каталонците Лионел Меси.
Ова е првата победа на Реал Бетис против Барселона на нејзиниот терен во последните 20 години, а последен пат Барса на својот стадион во првенствен дуел примила четири гола во април 2003 година од Депортиво Ла Коруња (2:4).
Гостите допатуваа во каталонската престолнина со серија од четири кола без победа и се очекуваше лесна победа на актуелниот шпански првак, но следуваше неверојатен меч во кој гостите ги казнија сите грешки на домашните. Бетис трипати имаше водство од два гола 2:0, 3:1 и 4:2, Барселона исто толку пати се доближуваше на гол заостанување, но не успеа да спаси барем бод.
По првите закани на Барселона, Бетис поведе со головите на Жиниор Фирпо во и Жоакин 34 минута, а во 68 минута намали Меси од пенал. Но само три минути подоцна Џовани Ло Целсо, стрелаше за 3:1 со голема помош на домашниот голман Марк-Андре тер Штеген коми топката у се лизна низ рацете. Артиро Видал во 79 минута ги врати надежите на Барс, но по две минути втор жолт картон и исклучување заработи Иван Ракитиќ. Бетис веќе следната минута изведе уште еден брз противнапад кој го реализираше Серхио Кањалес за 4:2, а Меси успа само да го ублажи поразот во втората минута од судиското продолжение.
Во последниот дуле во Ла Лига во неделата фудбалерите на мадридски Реал ја остварија четвртата последователна победа во сите натпреварувања откако на тренерската позиција Сантијаго Солари го замени Јулеин Лопотеги, совладувајќи ја Селта на гости во Виго со 4:2 (1:0).
Лука Модриќ годлично го проигра Карим Бензема во 23 минута кој рутински ја затресе противничката мрежа. Реал ја удвои предноста во 56 минута, кога ударот на Бензама мина низ нозете на домашниот голман Алварез, топката удри во стативата од која се одби во телото на несреќниот домашен бек Кабрал кому му беше впишан автогол. Селта намали во 61 минута со голот на Уго Маљо, но Реал ја обезбеди победата од сомнителен пенал кој во 83 минута го реализираше Серхио рамос, за во судското продолжение Себаљос да зголеми на 4:1, 1 Браис да намали на конечните 4:2.
Барселона и покрај поразот остана на чело на Примера со 24 бодови, но сега на само бод ѝ се доближија Севилја, Атлетико Мадрид и Алавес, додека Реал Мадрид е шести со 20 бодови, еден помалку од петтиот Алавес. Реал Бетис сега се искачи на 12-то место со 16 бодови, додека Селта падна две места подолу на табелата со два бода помалку.