Сензационална вест од кошарката: Сменет е човекот кој владееше 20 години!

Сензационална вест стигна од кошаркарскиот свет.

Контроверзниот Шпанец, Жорди Бартомеу е сменет од челното место на Евролигата откако таа должност ја извршуваше цели 20 години, поточно од нејзиното основање.

Бартомеу ја изгубил поддршката од сите 11 клубови со трајни лиценци во Евролигата. На состанокот на клубовите се донела одлука да има промена.

Се започна пред неколку месеци на таен состанок кога претставниците на седум клубови (ПАО, Олимпијакос, Макаби, Жалгирис, Ефес, ЦСКА и Милано) седнале да се договорат за смена на Каталонецот.

Тие биле загрижени за финансиската ситуација на Евролигата и начинот на кој Бартомеу управувал со парите.