СЕП: Предлог-законот за јазиците е основа на евреатлантските интеграции

Предлог-законот за употребата на јазиците, кој е фаза на прво читење на соодветната собраниска комисија, е дел од Рамковниот договор, фундамент на меѓуетничките односи и на евроатлантските интеграции, се наведува во соопштението од вторникот на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при Владата.

Во соопштението се наведува дека имплементацијата на Рамковниот договор е „нераскинливо поврзана“ со процесот на европската интеграција на земјата

„За тоа говорат и низата заклучоци на Советот на ЕУ изминативе години, кои укажуваат на потребата од целосна имплементација на истиот како камен темелник за понатамошно градење на демократско општество со мултиетнички карактер, како рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и евротлантската заедница“, се вели во соопштението.

Од СЕП, исто така, се наведува дека притоа Владата ги имала предвид Процесот за стабилизација и асоцијација, преземените обврски со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво и Итните реформски приоритети, преку кои, изготвувањето на предлог законот за употреба на јазиците стана и дел од Планот 3-6-9 „за откочување на евроинтегративните процеси, кој беше широко прифатен како од домашната јавност, така и од бројните меѓународни пријатели на Македонија“.

„Согласно деловникот, Владата одлучи на овој Предлог–закон, како дел од процесот на европска интеграција, да ми додели ЕПП број 2017.0000.7414. или т.н. статус на европско знаменце“, тврдат од СЕП.

Претходно во вторникот ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше што Предлог-законот за употреба на јазиците без јавна дебата и со европско знаменце, денеска се најде на расправа пред Комисијата за европски рашања. Пратеникот од најбројната партија во Собранието Антонио Милошоски, побара повлекување на европското знаменце од предложениот закон.

„Расправата на оваа комисија е класична политичка злоупотреба, затоа што предлог законот нема никаква допирна точка со акт на ЕУ, туку е резултат на политички договор“, рече Милошоски.