Сепак, има документ за укинување македонските катедри (ФОТО)

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и професорката Јасна Котеска биле во право дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ постои документ во кој се најавува промена на структурата на предметите со кој ќе исчезнат имињата на двете катедри кои се занимаваат со македонскиот јазик и книжевност, објави Експрес.мк.

Како поткрепа на изнесеното, порталот го објави датумот и деловодниот број под кој е заведен документот во кој се предвидува укинување на двете „македонски” катедри на „Блаже Конески“.

Коцарев деновиве предупреди на можноста од укинување на катедрите по македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет затоа што со новата структура нема Катедра за македонски јазик и книжевност како централна, матична катедра, што предизвика лавина реакции во јавноста.

Со предложена програма структурата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” е предвидено 11 катедри да се заменат со нова структура од пет отсеци, а со тие измени иднината на македонски катедри станува неизвесна, посочи Коцарев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.