Сепаратистички лидер тврди дека Украина контролира само три места во Луганск

Речиси целата територија на одметнатата ткн Луганската Народна Република на украинскиот југоисток со мнозинско руско и рускојазично население, е под контрола на руската војска, со исклучок на само 1 отсто, изјави за агенцијата РИА, сепаратистичкиот лидер Леонид Пасечник, а истовремено украинските власти известуваат за нови масивно руски воздушни удари врз украинските градови.

„Сосема мал дел од територијата на Луганската Народна Република, односно населбата Белгороввка, која е многу мало село, кое според информациите што ги имам, е целосно уништено, не е под контрола… И уште две многу мали населби. Односно, тоа условно можеби е 1 отсто од целата територија…“, вели Пасечник.

Тврди дека само „помала област“ од вкупно три населени места од територијата на Луганската област е под контрола на украинските сили.

Народните републики Луганск и Доњецк (ЛНР и ДНР) одржаа референдум за обединување со Русија на 23 и 27 септември, како и териториите под контрола на Русија на соседните региони Запорожје и Херсон, исто така, ќе гласаа, по што Москва ги призна како дел од територијата на Руската Федерација, што Киев и неговите западни сојузници како и во случајот со црноморскиот полуостров Крим го осудуваат како нелегално руско анектирање на украинска територија.

Неколку региони на Украина одбија да го признаат легитимитетот на власта во Киев по превратот  поддржан од Западот против избраниот претседател во февруари 2014 година. Крим одржа референдум за враќање на укинатата автономија и повторно приклучување кон Русија во март истата година, додека Доњецк а Луганск прогласија независност.

Русија испрати војници во Украина на 24-ти февруари, наведувајќи го неуспехот на Киев да ги имплементира договорите од Минск, дизајнирани да им дадат специјален статус на Доњецк и Луганск во рамките на украинската држава. Протоколите, со посредство на Германија и Франција, првпат беа потпишани во 2014 година, како и следната 2015-та. Поранешниот украински претседател Петро Порошенко оттогаш призна дека главната цел на Киев била да го искористи прекинот на огнот „за да купи време“ и да „создаде моќни вооружени сили“.

Во февруари 2022 година, Кремљ ги призна републиките во Донбас како независни држави и побара Украина официјално да се прогласи за неутрална земја која никогаш нема да се приклучи на ниту еден западен воен блок.