Сепаратистичките власти во источна Украина најавија размена на 107 затвореници

Сепаратистичките проруски власти во источна Украина денеска објавија ослободување на 107 војници во новата размена на заробеници со Киев.

-Денеска враќаме 107 наши борци од украинските затвори, изјави Денис Пушилин, еден од водачите на проруските сепаратисти.

Тој додаде дека „65 од нив се од народните републики Доњецк и Луганск“.

Со размената, Киев ќе врати на своја страна ист број заробеници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.