Серафимовски и Беќири асистенти на Ѓуровски

56

Жарко Серафимовски и Арџент Беќири, поранешните македонски репрезентативци со интернационално искуство ќе бидат дел од стручниот штаб на македонската А репрезентација како асистенти на селекторот Бошко Ѓуровски. Мане Манев останува тренер на голманите во нашата најдобра селекција.

„Разговаравме со новиот селектор околу ситуацијата во македонскиот фудбал, го запознавме со актуелностите и се надевам дека со неговото искуство и како фудбалер и како тренер ќе направиме позитивни работи. Јасно е дека нѐ чека многу работа, но тука сме со јасно поставени цели. Радува што се враќаме во репрезентацијата, подготвени сме да го дадеме својот максимум“, изјави Серафимовски за официјалниот сајт на ФФМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.