Серена по елиминацијата од Вимблдон: Имам сериозна мотивација да станам посилна и да играм на УС опен

Американската тенисерка и поранешен прв светски рекет Серена Вилијамс ја објави својата намера да игра на УС опен оваа година.

Вилијамс ноќта меѓу 28 и 29 јуни, загуби од Французинката Армони Тан во првото коло на Вимблдон (5:7, 6:1, 6:7 (7:10)).

-Сега дефинитивно имам сериозна мотивација да станам посилна и да настапам во мојот дом УС Опен, изјави 40-годишната Вилијамс.

Годинава Отвореното првенство на САД ќе се игра од 29 август до 11 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.