Серена по трет пат најдобра спортистка во изборот на АП

Светскиот женски тениски рекет број еден Американаката Серана Вилијамс, по трет пат е избрана за најдобра спортистка на САД во изборот на агенцијата АП.

Таа доби 55 од вкупно 96 гласови, оставајќи ги зад себе кошаркарката Брирни Грајнер и пливачката Миси Френклин, кои добија 14, односно 10 гласови.

Серена ( 32) сезонава триумфира на 78 од вкупно 82 натпревари на турнирите, освои 11 титули и заработи 12 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.