Сергеј Лавров и Кетрин Ештон следната недела во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон, на 16 декември ќе се состанат во Брисел за да разговараат, меѓу останатото и за Украина, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Покрај тоа, Лавров и Ештон на работниот појадок ќе разговараат и на тема на иранската нуклеарна програма и ситуација во Сирија, пренесува агенцијата Итар-Тас.

Во Украина веќе повеќе од три недели се одржуваат масовни протести против одлуките на претседателот Виктор Јанукович за да ги прекине подготовките за потпишување на Договор за придружување кон ЕУ.

Првиот заменик на украинскиот премиер Серхиј Арбузов вчера по состанокот со европскиот комесар за проширување Штефан Филе во Брисел, изјави дека Киев сепак наскоро ќе потпише договор за придружување со ЕУ, но одби да го наведе точниот датум за потпишување или рок до кој ќе биде потпишан.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.