
Актерот Сергеј Трифуновиќ ноќеска под непознати околности бил повреден во белградската населба Врачар, јавуваат српските медиуми.
Српскиот актер наводно е префрлен во болница поради бројни угризи на раката и со видлива повреда на главата.
Тој околу 4 часот утрото се нашол на улица на Врачар во Белград со бројни повреди во пределот на раката и со повреда на глава е пренесен во болница.
Не се познати околностите под кои Трифуновиќ е повреден.