Сергеј Трифуновиќ пренесен во болница

После неговото затоплување во текот на претставата, Актерот Сергеј Трифуновиќ по интервенција на итната помош бил префрлен во Институтот за кардио-васкуларни болести, откако му се слошило за време на претстава, вчера во Нови Сад, открива “Блиц”.

Веста ја потврдија од Службата за итна помош, но тие немаат детали за неговата ссостојба бидејќи е на клиника.

На актерот му се слошило само неколку минути по почетокот на претставата „Воз“, која требаше да биде изведена во Театарот на младите во Нови Сад. Сè започнало вообичаено, со Трифуновиќ и Воја Брајовиќ на сцена, а потоа по пет минути двајцата заминуваат од сцената еден по друг и не се враќаат долго.

Кога публиката се вознемири на сцената пак излегол Трифуновиќ  и рекол дека се обидел да игра, но не успева бидејќи не се чувствува добро, па ја замолил  публиката за разбирање и дека мора да ја откаже претставата.

Новосадската публика ги испратила со аплауз актерите, а еден дел од публиката останала да седи на седиштата, надевајќи се дека станува збор за некој театарски трик, пренесуваат  медиуми.

Сепак, на сите им станало јасно дека претставата навистина е откажана по сирената на итната помош која дошла и на носилки го изнела актерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.