Серија А: Аталанта се врати на победите, Интер спаси бод

Во последниот натпревар во саботата од шестото коло на италијанското фидбалско првенство Болоња на домашен терен успеа во содржаен натправар да победи со 3:2 против Калјари.

Гостите двапати беа во во водство со погодоците на Жоао Педро во 15 минута и на Џовани Сомеони во 47 минута, но домашните успеаваа двапата да израмната и да го преземат водството кое го задржаа до крајот на мечот. Прво во 45 минута израмни Муса Баров, а второто израмнување го донесе Роберто Сорија во 52 минута, а само по четири минути Баров со својот втор погодок на мечот ѝ го донесе водството на Болоња, и како што се покажа и победата.

Болоња со победата привремено дојде на 14-то место со шест бодови, додека Калјари со бод повеќе моментачно е 12-ти.

Фаворизираниот Интер во саботата на своето игралиште во судиското продолжение извлече бод против Парама. Парма поведе поведе со 2:0 со погодоците на нивниот најдобар играч и поранешен напаѓач на лондонски Аренал, Жервињо кој првиот погодок го постигна во 23 секунда од второто полувреме кога ја надмудри збунетата одбрана на домашните и повторно со убав погодок во 62 минута. Но Интер само по две минути се врати во игра со погодокот од работ на шеснаесетникот на Марсело Брозовиќ кој во игра влезе пет минути претходно. Конечните 2:2 ги постигна Иван Перишиќ со глава во втората минута од судиското продолжение од позиција во која „за конец“ избегна офсајд по центаршутот на Алескандар Коларов од слободен удар.

Интер моментално е петти на табелата со 11 бодови, додека Парма со пет бодови привремено е на 14-то место.

По двата последователни првенствени порази, од Сампдорија (1:3) и од Наполи (1:4), фудбалерите на Аталанта се вратија на победничките патеки откако во првиот саботен меч на гости го победија Кротоне со 2:1.

Двата погодока за тимот од Бергамо ги постигна Колумбиецот Луис Муриел во 26 и во 38 минута, а за Кротоне стрелец беше Нигериецот Симеон Нвакнкво во 40 минута.

Аталанта сега има 12 бодови со кои привремено е на третото место, додека Кротоне е последен 20-ти без ниедна првенствена победа досега и со само еден освоен бод.

Неделната програма ја отвораат Удинезе и Милан во 12,30 часот, Специја го пречекува Јувентус во 15 часот, а за во исто време во Торино е закажан дуелот на домашните со Лацио чии играчи се во карантин по случаи на корнавирус и не е познато досега дали мечот ќе се одигра. Во терминот од 18 часот се играат дуелите Наполи – Сасуоло и Рома – Фиорентина, а во вечерниот термин од 20,45 часот стартуваат мечевите Сампдорија – Џенова и Верона – Беневенто.