Серија А: Аталанта со победа го стаса водечкиот Наполи, Јуве ја прекина црната серија

Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 2 October 2022. ANSA/PAOLO MAGNI

Во претпоследниот дуел од неделната програма, Аталанта на својот терен во Бергамо со 1:0 ка совлада Фиорентина, чиј отпор го скрши во второто полувреме со голот во 59 минута на Адемола Лукман кому му асистираше Луис Муриел.

Аталанта сега се израмни на врвот на табелата со 20 бодови со Наполи кој има за три погодока подобра гол-разлика. Ги следат Лацио и Милан со по 17 бодови, а петти е Удинезе со 16 бодови но и меч помалку кој ќе го игра во понеделник на гости во Верона. Фиорентина е 11-та со девет бодови.

Претходно во неделата Лацио со високи 4:0 беше сигурен на домашен терен против Специја. Стрелци за домашните беа Матија Закањи во 12, Алесио Ромаљоли во 24 и Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 61 и 91 минута. Лацио моментално е трет со 17 бодови, а Специја е 12-та со осум бодови.

Сасуло ја торпедираше на домашен терен со 5:0. Стрелци беа Арманд Лориенте во 12, Андреа Пинамонти во 39 минута од пенал, Кристијан Торствед во 53, Абди Харауи во 76 и Јанист Анристе во 92 минута. Сасуоло се искачи на осмото место со 12 бодови, а Салернитана е 14-та со седум бодови.

Лече и Кремонезе ги поделија бодовите со по еден погодок постигнат од пенал. За гостите реализираше во 19 минута Даниел Чофани, а за домашните во 42 минута Габриел Стрефеѕа. Лечи е 13-ти со седум бодови, додека Кремонезе со само три ремија и три бодови е претпоследен 19-ти.

Монца беше сигурна со 3:0 на гостувањето кај Сампдорија, што доведе до тоа водството на клубот од Џенова експресно да му врачи отказ на 55-годишниот тренер Марко Џампаоло. Стрелци за гостите беа Матео Песина во 11, Џанлука Карпари во 67 и Стефано сенси во петтата минута од судиското продолжение на мечот. Монца се извлече моментално од опасната зона, сега е 16-та со седум бодови, додека Сампдорија има само два бода и е последна 20-та.