Серија А: Аталанта со пресврт за врвот, Јуве го доби градското дерби

Olimpico Grande Torino stadium in Turin, Italy, 15 october 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Аталанта во последниот натпревар од саботната програма од 10-то коло на италијанската Серија А на домашен терен во Бергамо со 2:1 славеа над Сасуоло.

На овој натпревар најважното се случуваше на крахот од првиот и на почетокот од вториот дел, кога беа постигнати трите погодока. Прво Гркот Јоргос Кирјакопулос во 41 минута ги донесе гостите во водство, а Марио Палашиќ во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни на 1:1. Аталанта резултатскиот пресврт го направи на самиот почеток од вториот дел кога погоди Адемола Лукман и до крајот резултатот не се менуваше.

Аталанта сега привремено со 24 бодови е на врвот на табелата, пред Наполи кој има бод и меч помалку. Тимот од Бергамо може најмногу да падне до втората позиција, зашто Лацио, Удинезе и Милан имаат по 20 бодови. Сасуоло моментално е 9-ти со 12 бодови.

Во градското дерби Јувентус со минимални 1:0 беше подобар од Торино. Дуелот беше решен во 74 минута, кога првиот стрелец на „Старата дама“, Душан Влаховиќ, успеа да се протне зад домашната одбрана. На голот му претходеше одличен удар со глава на Влаховиќ и уште една одлична одбрана на голманот Милинковиќ-Савиќ, кој на изби топката во корнер. По изведениот удар од аголот топката отиде на втората статива каде српскиот напаѓач ја спроведе во мрежата.

Со само четвртата победа сезонава Јувентус моментално е на 7-то место со 16 бодови, а Торино остана моментално 11-ти со исто 11 бодови.

Претходно Емполи дома со голот на Николас Хас во 11 минута го совлада тимот на Монца. Емполи е 10-ти со 11 бодови, а новиот прволигаш Монца е 13-та со бод помалку.