Серија А ќе продолжи на средината од јуни

Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора потврди дека фудбалската Серија А може да започне повторно со натпреварите на 13-ти или 20-ти јуни.

„Работиме на два можни датума за продолжување на Серија А, а тоа се 13-ти или 20-ти јуни. Стаса протоколот за продолжување на сезоната и е сличен на оној кој го договоривме за тренинзите. Во четворток ќе одлучиме кога сезоната ќе продолжи“, изјави Спадафора за RAI TG3.

Италијанската фудбалска федерација (FIGC) во неделата го предаде медицинскиот протокол за натпреварите, а сега се очекува одлука на владата. Постои владина уредба со која се знаранува натпреварувачкиот спорт до 14-ти јуни, но тоа би можело да се прилагоди на датумот, доколку бројките на заболените од коронавирусот и натаму е во опаѓање.

Се стравува дека навивачите, на коишто ќе им биде забрането доаѓањето на стадионите, би можеле да се собираат во локалните кафулиња или групно да се собираат кај пријатели кои ги плаќаат телевизиските програми за да ги гледаат натпреварите. Поради тоа постои можност мечевите од Серија А бесплатно да се емитуваат на телевизиските станици.

„Мораме да договориме нешто за да се избеген собирњето на навивачите во кафулињата“, одаде министерто.

Клубовите од Серија А на Генералното собрание одржано во средата гласаа за продолжување на првенството на 13-ти јуни.

„Кога станува збор продолжување на актувностите, 13-ти јуни е истакнат како можен датум за продолжувањето на првенството во согласност со медицинските протоколи за заштите на играчите и сите други коишто ќе бидат вклучени“, порачаа од Серија А.

Клубовите, исто така, ги повикаа телевизиските куќи да ги „почитуваат роковите за плаќање на правата на преносите за да ги задржат конструктивните односи со нив“.

Спадафора истакна и како се надева на радикални промени во фудбалскиот систем на Италија, поради кои Серија Ц може значително да биде намалена.

„Оваа вонредна ситуација покажа некои критични прашања во светот на фудбалот со коишто ќе се соочиме во реформите, кои ќе се сличат пред крајот на летотот. Меѓу тие прашања е и дека ќе им овозможиме на фудбалерките да станат професионални спортистки“, додаде Спадафора.