Серија А го казни Пандев

Капитенот на Џенова и македонската репрезентација, Горан Пандев доби казна од Серија А поради однесувањето на мечот против Јувентус.

Џенова можеби не заслужи да загуби од Јувентус, а во таборот на поразениот заработија и казни од овој меч.
Нашиот Горан Пандев доби парична казна, ќе треба да плати 1.500 евра поради честите протестирања на судиските одлуки.
Резервниот голман Федерико Маркети е суспендиран на два меча поради непримерните гестикулации и реакции за кои доби црвен картон иако беше на клупата.