Серија А: Гостинска победа за Наполи, Интер и Милан со половина плен

SSC Napoli's Giovanni Di Lorenzo's goal during the Italian Serie A soccer match US Lecce - SSC Napoli at the Via del Mare stadium in Lecce, Italy, 7 April 2023. ANSA/ABBONDANZA SCURO LEZZI

Фудбалерите на Наполи направија уште еден чекор кој потврдувањето на освојувањето на титулата во Италија со победата од 2:1 на гости кај Лече во рамките на 29-то првенствено коло.

Гостите, за кои целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, поведоа во 18 минута преку Џовани Ди Лоренцо. Домашните израмнија во 51 минута од една мешаница во која најснаодлив беше Фредерико До Франческо, по во 64 минута неснаодливо пред својот гол реагираше неговиот соиграч Антонино Гаљо кој ја погоди сопствената мрежа.

Водечкиот Наполи сега има 74 бодови, 19 повеќе од второпласираниот Лацио кој во саботата ќе се соочи во дербито на колото со Јувентус. Лече остана на 16-то место со 27 бодови, осум бодови повеќе од зоната на испаѓање.

Претходно милански Интер во самиот финиш ја испушти победта и одигра без победник 1:1 на гостувањето кај Салернитана. „Нераѕурите“ поведоа во раната фаза од дуелот, преки Робин Госенс во 6 минута, ни потоа не реализираа низа шанси да ја потврдат победата и на крајот беа казнети со среќниот погодок на Антонио Кандрева во 90 минута. Ветеранот имено сакаше да нафрли, но топката заврши во самиот горен десен агол од голот на немоќниот Онана.

За Интер ова е четвртиот последователен натпревар без победа во Серија А, по трите пораза освои само бод и сега е четврти на табелата со 51 бод и го држи последното место кое води следната сезона во Лигата на шампионите. Го загрозува петтата Рома која има бод и натпревар помалку. Салернитана е 15-та со 29 бодови.

Во последниот натпревар во петокот Милан, кој сѐ уште е актуелен првак, не успеа да го совлада Емполи на својот „Сан Сиро“ во мечот кој заврши без погодоци. Со овој бод Милан се задржа на третото место со 52 бодови а Емполи моментално е 14-ти со 32 бодови.