Серија А: Интер со петтата победа во низа, за Милан дербито во Рим

AS Roma vs AC Milan at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 28 February 2021. ANSA/GIUSEPPE LAMI

Во дербито од 24-то коло од италијанското фудбалско првенство Милан на гостувањето на римски „Олимпико“ ја победи Рома со 2:1.

Милан поведе во 43 минута од пеналот кој го реализираше Франк Кеси, израмни Жордан Верету во 50 минута, а победата за „Росонерите“ им ја донесе Антер Ребиќ со погодокот во 58 минута.

Куриозитет е што Милан во првите 10 минути постигна два погодока, но и двата беа поништени поради офсајд позиции по асистенциите на ВАР-от. Уште во 4 минута реализираше Томори а во 10 минута предвреме се радиваше и Златан Ибрахимовиќ. Во првото полувреме беше поништи и погодок на Рома, кога во 28 минута погоди Мкхартијан, но во почетокот на агенцијата имало прекршок.

Милан со оваа победа повторно му се приближи на водечкиот градски ривал Интер на четири бодови заостанување со 52 односно 56 бодови. Рома остана на 44 бодови со кои е на петтото место, два помалку од четвртата Аталанта, а бод пред шестиот Наполи кој има и меч помалку.

 

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во 86 минута беше стрелец на единствениот погодок вреден три бода во победата на Удинезе над Фиорентина. Ова е втор погодок на Несторовски оваа сезона за тимот од Удине, претходно беше прецизен во гостинската победа од 3:2 кај Торино.

Удинезе скокна сега на 12-то место со 28 бодови, одминувајќи ја Фиорентина која остана 15-та со 25 бодови.

 

Лидерот на табелата претходно во неделата убедливо со 3:0 ја совлада Џенова, за која последните половина час ги одигра македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев.

За петтата последователна победа „Нераѕурите“ поведеа по само 32 секунди игра со голот на Ромелу Лукаку на асистенција на Лаутаро Мартинез. Меѓутоа, ова не е најбрзиот погодок во историјата на Серија А, рекордот сѐ уште го држи напаѓачот на Милан, Рафаел Леао кој во декемви на натпреварот против Сасуоло ја затресе противничката мрежа по 6,7 секунди игра.

Интер во 69 минута ја зголеми предност преку Матео Дармиан на асистенција на Лукаку, а сите дилеми околу победникот ги остстрни Алексис Санчез во 77 минута погодивакжи за 3:0.

Интер и натаму е во водство во Серија А сега со 56 бодови, а Џенова остана на 26 бодови на 13-то место, осум бодови повеќе од местата кои водат во втората лига.

 

Аталанта во Џенова ја совлада Семпдорија со 2:0, со погодоците на Руслан Малиновски во 40 и на Робин Госенс во 70 минута. Аталанта на четвртото место е бодовно израмнета со 46 бодови со третопласираниот Јувентус но кој има меч помалку. Сампдорија остана 10-та со 30 минути.

 

Важна гостинска победа во борбата за опстанок оствари Калјари на гостувањето кај последниот Кротоне. Гостите кои последните дваесеттина минути играа без исклучениотХаралампос Ликојанис, ги освоија бодовите со головите на Леонардо Паволети во 56 и Жоао Педро во 60 минута од пенал.

Калјари остана на 18-то место со 20 бодови, но сега два помалку од Торино кое е на 17-то место кое е првото кое гарантира опстанок но има и меч помалку. Кротоне и натаму е последен 20-ти со само 12 бодови.

 

Наполи, за кој последните десетина минути ги одигра македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, рутински на својот терен со 2:0 го совлада Беневенто. Стрелци на головите беа Дрис Мартенс во 34 и Џовани Ди Лоренцо во 66 минита, а домашните од 81 минута играа без исклучениот Калиду Кулибали.

Наполи моментално е на шестото песто со 43 бодови, колку што има и седмопласираниот Лацио, но Наполитнаците имаат меч помалку. Беневенто остана на 16-то место со 20 бодови, седум повеќе од првото место кое води во втората лига.