Серија А: Минимални победи на Рома и Лацио

Roma's Tammy Abraham in action during the Italian Serie A soccer match US Salernitana vs AS Roma at the Arechi stadium in Salerno, Italy, 14 August 2022. ANSA/MASSIMO PICA

Фудбалерите на Рома и Специја дојдоа до првите три бодови во новата сезона на италијанското првенство со минималните победи од 1:0 над Салернитана односно Емполи во последните два натпревара од неделната програма.

Рома до победата во Салерно дојде до голот на Брајан Кристанте 33 минута, додека за Специја победата пред своите навивачи ја осигура М’Бала Нзола во 36 минута.

Претходно во неделата Лацио новата сезона ја отвори со победата од 2:1 до која дојде со пресврт на својот стадион во дуелот со Болоња.

Натпреварот започна многу лошо за римјаните кои веќе во 6-та минута останаа со десет играчи, бидејќи нивниот голман Луси Максимилано невнимателно играше со рака надвор од шеснаесетникот. Гостите од Болоња тоа го искористија во 38 минута од пенал кој го реализираше Марко Арнаутовиќ, но во судиското продолжение од првото полувреме и тие останаа со играч помалку, откако беше исклучен Адама Сумаоро.

Лацио во продолжението на мечот играчки израмнет со противникот успеа да направи резултатски пресврт. Прво во 68 минута Лоренцо Де Силвести несреќно постигна автогол, а потоа победата ја донесе во 79 минута ја донесе Чиро Имобиле на додавање од Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во вториот дуел одигран во исто време во попладневниот термин Фиорентина стаса до драматична домашна победа од 3:2 (2:1) против повратникот во Серија А по 26 година, екипата на Кремонезе.

Фиорентина подобрата игра ја круниса со водството во 16 минута преку Џакомо Бонавентура, но по само три минути Давид Окереке израмни. Домашните заминаа на одморот со предност, која ја донесе новиот играч во нивните редови Лука Јовиќ во 34 минута. Кон крајот на првиот дел гостите останаа со играч помалку, откако беше исклучен Гонзало Ескаланте.

Во вториот дел беа постигнати два несекојдневни погодоци. На 2:2 во 69 минута израмни Матео Бјанкет по лошата реакција на домашната одбрана по изведениот корнер, за во петтата минута од судиското продолжение на мечот голманот на Кремонеза, Јон Раду во обидот да го скроти нафрлувањето од Роландо Мадрагора заедно со топката заврши во сопствениот гол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.