Серија А: Победи на Јуве и Лацио во дерби пресметките  

Juventus' Adrien Rabiot scores a goal during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs Inter FC at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 6 November 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Во големото дерби од 13-то коло на италијанското фудбалско првенство Јувентус на свој терен во Торино го совлада милански Интер со 2:0 и со оваа капитална победа се врати меѓу водечките екипи во Серија А.

Интер беше подобар во првиот дел, меѓутоа беше прегазен во вториот. Французинот Адриен Рабио во 52 минута ѝ го донесе водството на „Старата дама“, по додавањето до српскиот интернационалец Костиќ, кој му асистираше и на Николо Фацџоли во 84 минута за конечните 2:0.

Јувентус сега се искачи на петтата позиција со 25 бодови прескокнувајќи го Рома и Интер, и има два помалку од Аталанта односно Лацио, а во водство е Наполи со 35 бодови, шест повеќе од вториот Милан.

Во римското дерби Лацио со 1:0 со голот на Фелипе Андерсон во 29 минута беше подобар од „Волчицата“, која сега со 25 бодови падна на шестото место, со бод повеќе од седмиот Интер.

Претходно Монца на свој терен со 2:0 ја победи Верона, која тоне се подлабоко. Гостите останаа со играч помалку уште во 27 минута, кога беше исклучен Џанџакомо Мањани, но домашните успеаја да го скршат нивниот отпор дури во 68 минута преку Карлос Аугусто, а победата ја потврди во 90 минута Андреа Колпани.

Монца со 13 бодови се зацврсти на 15-то место сега седум бодови над зоната на испаѓање, а Верона остана последна 20-та со само пет бодови., Бод повеќе од неа имаат Сампдорија и Кремонезе кој нема сѐ уште ниедна првенствена победа сезонава.

А Сампдорија на домашен терен со головите на Џакомпо Бонавентура во 4 и Никола Миленковиќ во 58 минута беше поразена со 0:2 од Фиорентина, која сега е 11-та со 16 бодови.

Во првиот неделен натпревар Болоња со пресврт на домашен терен го совлада Торино со 2:1. Гостите поведоа преку Саша Лукиќ кој во 26 минута реализираше пенал, но домашните дојдоа до трите бода во вториот дел преку Рикардо Орсолини и Стефан Пош кои беа прецизни во 64 односно 73 минута.

Торино остана 10-ти со 17 бодови, а Болоња сега дојде до 12-то место со бод помалку.