Серија А: Реми на Аталанта и Милан, Наполи сигурен

in action during the Italian Serie A soccer match Atalanta BC vs AC Milan at the Gewiss Stadium in Bergamo, Italy, 21 August 2022. ANSA/PAOLO MAGNI

Во дербито од второто коло на италијанското фудбалски првенство во Бергамо Аталанта и Милан одиграа без победник 1:1.

Аталанта дојде во водство преку Руслан Малиновски во 29 минута, откако неговиот удар од 20-ина метри се одби од блогот на играчите на Милан и го измами гостинскиот голман. На конечните 1:1 израмни во 68 минута Ишмаел Бенансер со одмерен удар.

Двата тима сега имаат по четири бодови, два помалку од водечките Наполи и Интер.

Истовремено Болоња и Верона, исто така, одиграа 1:1. Домашните поведоа во 21 минута со голот на Марко Анраутовиќ, а израмнија гостите преку Томас Хенри во 43 минута. Верона во финишот имаше можност да дојде до бодовите но не ја искористи бројната предност откако Болоња од 78 минута играше без исклучениот Рикардо Орсолини.

За двата тима ова е првиот бод во новата сезона, со тоа што Болоња моментално е 12-та, а Верона е 16-та.

Фиорентина во жестокото токсанско дерби пропушти можност да дојде до втората победа на стартот од сезоната, откако без голови одигра кај Емполи, иако од 66 минута имаше предност од играч повеќе, откако кај домашните беше исклучен Себастијано Луперто.

Фиорентина е во групата тимови со по една победа и едно реми, односно четири бодови, а за Емполи ова е првиот бод.

Во првиот натпревар во неделната програма Наполи на домашен терен дојде до втората победа од 4:0 на домашен терен против Монца, која годинава се пласираше во Серија А.

Брилјираше новиот миленик на домашните, Грузиецот Квича Кваратшелија кој беше двоен стрелец во 35 и 62 минута, првиот со одличен удар од дистанца, а вториот со пласиран удар. Вториот гол за Наполи го постигна Виктор Осимнех во втората минута од судиското продолжение на првиот дел, а конечните 4:0 ги постави во третата минута од судиското продолжение на мечот.

Наполи е водечки со шест бодови и гол-разлика од 9:2, а максимален број бодови има и Интер со гол-разлика 5:1.