Во првиот натпревар од претпоследното 37-то коло на италијанското фудбалско првенство во петокот вечерта идниот второлигаш Сампдорија и Саусоло одиграа без победник 2:2.
Натпреварот кој немаше никакво резултатско значење за ниеден од противниците започна со три погодока во првите десетина минути. Прво Габиадини во 7 минута ја искористи кардиналната грешка на гостинскиот капитен Ферари, но Бердарди веќе во 9 и Матеус Енрике во 11 минута направија експресен пресврт.
Саусоло беше во предност до 78 минута, а потоа Ерлиќ несмасно ја зафати топката на само два метра од својата гол-линија и со совлада сопствениот голман.
Саусоло моментално останува на 13-то место со 45 бодови, додека Сампдорија е убедливо последна 20-та со 19 бодови со само три првенствени победи сезонава.
Наполи на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз од поодамна ја освои титулата со 86 бодови, втор е Лацио со 68 а трет Интер со 66 бодови.
За четвртото место на табелата, последното кое води во Лигата на шампионите следната сезона, во последните две кола конкурираат Милан со 64, Аталанта со 61 па и Рома со 60 и теоретски Јувентус со 59 бодови.