Фудбалерите на Рома скокнаа на четвртото место на табелата од италијанското првенство со минималната победа од 1:0 со домашната победа над Јувентус од 1:0 од 25-то коло.
Јувентус се чини беше за нијанса подобар противник во неатрактивниот меч често прекинуван со фаули и прекини како дел од стратегијата на Рома да ја умртви играта. Играчите од Торино трипати ја погодија противничката статива, имаа и уште неколку изгледни шанси и добри удари од дистанца, пред се на Анхел Ди Марија, но единствениот погодок на мечот го постигна стоперот на „Волчицата“ во 53 минута. Џанлука Манчини во очај нерезонски се одлучи на удар од 25 метри но веројатно и без самиот да се надева го погоди десниот агол од голот на Шчечни за својот прв погодок сезонава.
Финишот на мечот го одбележа куриозитетот со исклучувањето на Моис Кин. Веќе подолг период фрустрираниот напаѓач во игра влезе во 89 минута на местото од Хуан Квадрадо, но по само триесетина секунди наседна на провокацијата од стрелецот Манчини кој го влечеше од грб и откако беше досуден слободен удар, па возврати со удар по нозете на противникот по што му беше покажан директен црвен картон.
Рома сега има 47 бодови, како и петтиот Милан, бод повеќе има Лацио, а три бода повеќе има второпласираниот Интер. Овие четири екипи се борат за триете места кои водат во Лигата на шампионите, бидејќи титулата практично ја обезбеди Наполи кои има 65 бодови.
Јувентус, кој беше казнет со одземање на 15 бодови, остана на осмо место со 35 бодови, седум помалку од местото кое води барем во Конференциската лига.
Претходно во неделата Хенрик Миктаријан во 29 и Лаутаро Мартинез во 53 минута беа стрелци за домашната победа на Интер над Лече, кое остана на 15-то место со 27 бодови и засега е безбеден во однос на опстанокот.
Дуелите од долниот дел на табелата Сампдорија – Салернитана и Специја – Верона завршија без голови. Специја остана 17-та со 21 бод, три повеќе од Верона која 18-та и на местото кое води во втората лига. Сампдорија и натаму е последна 20-та со само 12 бодови, а Салернитана е 16-та со 25 бодови.
Во понеделник колото го заокружуваат дуелите Сасуоло – Кременозе и Торино – Болоња.