Серија експлозии со најмалку 15 жртви во касарна во Екваторијална Гвинеа

Серијата експлозии во градат Бата во северозападна Екваторијална Гвинеја се производ на небрежност во воената база во која се чувале експлозивни средства и супстанции, изјави на државната телевизија во неделата вечерта претседателот Теодоро Пбијанг Нгуема Мбасого.

Според претседателот на земјата, во несреќата загинале најмалку 15 лица, а уште 500 други биле ранети. Претходно агенцијата Reuters повикувајќи се на локалната телевизија извести за 20 жртви и најмалку 300 повредени.

Државниот телевизиски канал TVGE во прилогот објави дека експлозиите „резултираа со фатални несреќи“, ранувања, унишувања и голема материјална штета. Телевизијата емитувачла и извлекување на жртви и настрадани од под купиштата урнатини од објектите во касарната.

Властите апелираа до локалноте население да дарува крв, а на социјалните мрежи се објавува дека болниците се преполни со настрадани. Локалните портали објавиле видео на кое се гледа како луѓето во паника бегаат од местото на несреќата и неговата непосредна близина.

Новинската агенција EFE, исто така, пренесува дека експлозиите ја потресле територијата на воен објект. Бата е економската престолнина и е воедно најнаселенииот град во Екватеријална Гвинеа.