Серија лоши вести за Реал Мадрид

Еден Азар има повреда која е потешка отколку што се мислеше, па белгискиот фудбалер ќе паузира четири до шест недели, што значи дека ќе го пропушти гостувањето на Реал Мадрид кај Барселона на 18 декември.

Но, отсуството на Азар не е единствениот проблем за тренерот Зинедин Зидан. Наредните неколку мечеви ќе ги пропуштат и Марсело и Бејл. Тие не се дефинитивно отпишани за гостувањето кај Барса, но не е ниту сигурно оти ќе може да играат.

В сабота, Реал игра дома со Еспањол, а дилемата е дали да игра и Касемиро, кој е на еден жолт картон од суспензија. Ако Касемиро кој е клучен во средниот ред, добие картон, нема да може да игра на гостувањето кај Валенсија. Но, ако игра во Валенсија, ризикува таму да добие жолт, па да не игра против Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.