Серија посилни потреси во Грција

За помалку од еден час, кусо по полноќ кон средата, во Грција беа регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција.

Првиот земјотрес од 4,8 степени е регистриран неколку минути по полноќ, а според грчките медиуми, во околните области имало лизгање на земјиштето и мала материјална штета. Дел од жителите на градот Нафпактос ноќта ја поминаа надвор, на отворено.

Освен земјотресите од над 4 степени, биле регистрирани и над 30 помали земјотреси со ист епицентар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.