Серијата „Круна“ со четири Златни глобуси, „Номадленд“ најдобра драма а „Борат 2“ комедија

Златниот глобус за најдобра драма му припадна на филмот „Номадленд“, најдобра комедија е „Борат Сабсквент Мувифилм“, дедека кај телевизиските серии најмногу награди освои „Круна“ на Netflix, беше објавено на виртуелното доделување на награди ноќта кон понеделникот по македонско време.

Годинава, поради пандемијата на коронавирусот, 78-то по ред доделување на наградите се одржа главно витруелно, а ководителките на свеченоста Тина Феј и Ејми Полер доделувањето на Златните глобуси ги водеа од две локации, едната од Њујорк а другата од Лос Анџелес.

По Оскарите, Златните глобуси се најважните награди во филмската и телевизиската индустрија, номинирани и како победници избранни од членовите Здружението на странските новинари во Холивуд (HFPA), а доделувањето годинава беше засенето и со приговори поради помалкуте црнокожи претставници во 87-членото здружение HFPA.

„Номадленд“ (Земјата на номадите), на режисерката Клое Жао, го освои Златниот глобус за најдобра драма. Во филмот главната женска улога ја толкува Френсис Мекдорманд, која губи сѐ во големата криза во 2008-та, ги пакува своите работи и решава да живее номадски, возејќи се апо аериканскиот Запад по економското крахирање на малиот град,

Жаи ја освои и наградата за најдобар режисер, со што стана само втората жена во историјата на Златните глобуси на којашто ѝ припанд оваа награда.

Во катергоријата за најдобар филм мјузикл или комедија, наградата му припадна на остварувањето „Борат 2“ со Саша Барон Коен во главната ролја на новинар од Казахстан кој носи подарок за сега поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

На Коен воедно за улогата во филмот му припадна и наградата за најдобар актер во коедија или мјузикл, додека Златниот глобус за најдобра актерка во комедија или мјузикл ѝ беше доделена на Розамунд Пике во филот „Многу ми значи“.

Чедвик Босман постхумно ја доби наградата за најдобар филски актер во драма, шест месеци по смртта во 43-та година од животот која ги шокираше обожавателите ширум светот. Награден е за водечката улога во филмот „Ма Рејни: Мајката на блузот“, додека за најдобра актерка во драмата е наградена Андра Деј за филмот „The United States vs Billie Holiday“.

 

Четири награди за „Круна“, две за „ Schitt’s Creek“

Драмата на стримин сервисот и тв-содржина Netflix „Mank“ на режисерот Дејвид Финчер, имаше најмногу филски номинација за Златен глобус, вупно шест, вклучително и најважната, за најдобра драма, но на крајот остана со празни раце.

Меѓутоа Netflix со шест награди во категоријата на телевизиски серии и во четири Златни глобуси во категоријата на филмот сепја беше најуспешен од сите дистрибутери.

Серијата „Круна“ на Netflix, која го прикажува животот на британскот кралско семејство, е прогласена за најдобра драмска телевизиска серија. Дваесет ипегодишната Ема Корин која во „Круна“ ја толкува младата принцеза Дијана, е прогласена за најдобра актерка во драмска телевизиска серија, победувајќи ги ветеранките Оливија Колмен и Лора Лини. Во категоријата најдобар актер во драмска серија наградата ја освои Џош О’Конор, која во „Круна“ го толкува ликот на принцот Чарлс. Наградена е и Џилиен Андерсон која е прогласена за најдобра споредна актерка за улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

Ден Леви и неговиот татко Јуџин се главните актери и креатори на серијата „ Schitt’s Creek“ на Netflix, приказна за едно богата семејство која е присилена да се пресели во мал град, а која победи во категоријата за најдобра хумористична телевизиска серија. Кетрин О’Хара од оваа серија го освои Златниот глобус во категоријата за најдобра актерка во телевизиската серија од жанрот комедија или мјузикл.

Големиот минатогодишен хит „Дамин гамбит“, исто така на Netflix, победи во категориајта серии со ограничено траење.

За најдобра актерка во хумористична серија Златниот глобус го доби Џејсон Судејкис за улогата во серијата „Тед Лејсо“, за тренерот на американски фудбал кој доби работа во Лондон./

Корејско-американкиот филм „Минари“ е најдобар филм на странски јазик. Станува збор за семејна драма со елементи на комедија во која корејско семејство се доселува во американската сојузна држава Арканзас во потрага по „американскиот сон“.

Британецот Дениел Калуја ја освои награда за најдобар спореден актер за улогата Фред Хамптон, активист на „Црните партнери“ во филот „Јуда и црниот месија“. Неговиот сонародник Џон Бојега е награден, пак, за споредна улога кај актерите за ролјата во телевизиската серија „Мала секира“ за ќивотот на црницте во Лондон во 1970-те години.

Во категоријата најдобра споредна актерка за ролјата во филмот „Мавританец“ ја доби Џоди Фостер, додека „Душа“ ја доби наградата за најдобар анимиран филм.

Признанието на американската актерка и активистка Џејн Фонда за животно достигнување во филмската индустрија ја доби Сесил Би Демил. Фонда беше една од најголемите телевизиски ѕвезди во 1960-те и 1970-те години во филмовите како „Барбарела“ и „Клуте“.

Наградата за животно дело на телевизијатам, именувана по комичарката Керол Барнет, му припадна на 98-годишниот пионер на телевизијата Норман Лир, кој како сценарист и продуцент бил движечката сила на неколку серии кои доминираа на американските телевизиски екрани во 1970-те и 1980-те години, како што се „All in the Family“ и „One Day at a Time“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.