Серијата „Наследство“ води во трката за наградите Еми со 25 номинации

Драмската серија „Наследство“ (Succession) на продукцијата HBO, која се однесува на афери на моќни семејства чиишто членови прават заговори и меѓусебно си подметнуваат, го презема во вторникот водството за телевизиските награди Еми (Emmy), со вкупно 25 номинации.

Во конкуренција е со јужнокорејската серија „Squid Game“, планетарниот успех на Netflix, која влезе во историјата како прва продукција од вонанглиското јазично подрачје, а конкурира за Еми и тоа во главната категорија.

Трката по наградите ќе биде тесна, бидејќи за признанијата кои ќе бидат поделени од 12-ти септември конкурираат и повеќе успешни драмски серии како „Stranger Things“, „Ozark“ и „Better Call Saul“.

Во категоријата хумористични серии, пак, најдобрата стартна позиција со 20 номинации ја има серијата „Ted Lasso“ на Apple TV+, која е минатогодишен победник.

Во категоријата мини-серија 20 номинации има „The White Lotus“ на HBO, која ја исмејува хипокризијата и површноста на богатите гости на луксузен хотел на Хаваи.