Сеск Фабрегас достапен за 40 милиони евра

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона ја пласираше сензационалната информација дека клупските челници се во потрага по клуб кој ќе одвои сериозна парична сума за услугите на репрезентативецот на Шпанија, Сеск Фабрегас.

Шпанските медиуми во изминатите неколку недели ја форсираа приказната дека челниците на каталонскиот гигант не се задоволни од играта и формата на одличниот играч за врска кој пред неколку сезони беше ангажиран како наследник на Чави Херандез.

“Таа одлука е веќе донесена, Фабрегас сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок. Сеск не ги исполни големите очекувања, не може да биде наследник на Чави Хернандез. Се бара клуб кој ќе одвои околу 40 мил. евра за неговите услуги. Со тие пари Барселона ќе ангажира нов играч за врска, некој помлад, некој кој има светла иднина”, изјави анонимниот извор.

Најголем интерес за репрезентативецот на Шпанија покажаа челниците на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, кои пред неколку месеци испратија официјална понуда од 35 милиони евра.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.