Шеснаесет членки на ЕУ во Братислава против кастрењето на кохезиските средства

Претставниците на шеснаесет земји членки на Европската унија коишто ја сочинуват групата Пријатели на кохезијата ќе се сретнат во четвртокот во Братислава со намера да испратат јасна политичка порака дека се противат на намалувањето на кохезискиет средства во новиот повеќегодишен буџет на ЕУ, наменети за намалување на ризикот меѓу богатите и сиромашните земји во Унијата.

Во Братислава ќе присуствуваат на средбата премиерите на Чешка, Словачка, Естонија, Унгарија, Полска, Словенија и Хрватска, додека другите осум земји како Бугарија, Грција, Кипар, Латвија, Литванија, Италија и Португалија ќе ги претставуваат високи претставници.

Сите тие ќе се погрижат оваа група да биде препознатлива во рамките на ЕУ и да покажат единство. Во прв ред имаат намера да испратат јасна политичка порака со којашто ќе ги поддржат нивните заеднички интереси. Сметаат дека за да се одржи доволното ниво на средствата за кохезиската политика на Унијата, земјите од групата Пријатели на кохезијата мора да дејствиваат зедно, размислува пред средбата домаќинот словачкиот премиер Петер Пелегрини.

Состанокот во Братислава се одржува во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ на кој главната тема ќе биде долгорочниот буџет на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година. Групата Пријатели на кохезијата беше основана во периодот кога се водеа преговори за буџетот на ЕУ за времето од 2007 до 2013 година, кога одлучија да истапат против намалувањето на кохезиските средства, бидејќи со нив се кофинансираат развојни проекти во сиромашните земји членки и така се придонесува за намалување на разликите во ЕУ. Истите земји се залагаа повторно против намалувањето на козехиските средства и во периодот кога се водеа преговорите за седумгодишниот европски буџет за периодот од 2014 до 2020 година.

„Силната координација и соработката меѓу земјите од групата Пријатели на кохезијата се покаќа многу полезна во текот на преговорите за повеќегодишниот буџет за периодот од 2014 до 2020 година“, потсети Пелегрини.

Пријателите на кохезијата на крајот од братиславската средба имаат намера да потпишат заедничка декларација со којашто ќе упатат порака дека го поддржуваат амбициозниот и урамнотежен нов европски буџет, кој ќе има доволно средства за поддршка на традиционалните политики, но и доволно средства за финансирање на новите предизвици, како што се безбедноста и одбраната, климатските промени и миграциите.

Еропската комисија на почетокот од мај предложи поголема Повеќегодишна буџетска рамка за периодот 2021 – 2027 година, во однос на сегашниот буџетски период, меѓутоа и малку помали износи за кохезиската политика и за земјоделието. Според сегашниот предлог, некои земји би добилемеѓу шест и десет па и повеќе отсто помалку средства според досегашниот повеќегодишен буџет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.