Шест нови заболени од морбили, две деца во потешка здравствена состојба

Шест лица заболени од морбили се примени во саботата на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а уште тројца се амбулантски прегледани со јасна клиничка слика на морбили (мали сипаници).

Клиниката информира дека ова е бран на новозаболени, по што се очекува бројката да се зголемува. Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили. Две деца кои се примени во саботата може да бидат приклучлени на апарати за дишење..

Според Министерството за здравство (МЗ), епидемијата од морбили се шири во некои од градовите во Македонија. Две деца се во потешка здравствена состојба и постои можност да бидат поставени на апарати за дишење. Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, значитело е подобрена. Исто така, подобрена е и постабилна состојбата на осумгодишното девојче кое има астма и се заразило со морбили и варичела.

За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, сите универзитетски клиники донесоа одлука за ограничување на посета на пациентите, односно за забрана за посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.

Министерството информира и дека до 13 часот денеска се вакцинирани вкупно 4.345 деца со МРП вакцини.

Родителите да ги почитуваат нашите препораки. На трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ има дежурни лекари секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот. Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови, апелира МЗ.

Министерството за здравство ја потсетува јавноста дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата кои не се вакцинирани нема да бидат примени во градинките за да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

„Децата од училишна возраст задолжително да се вакцинираат, ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП. Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапкиАпелираме до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија. Вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење“, истакнува МЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.