Шест полесно повредени во осум сообраќајни инциденти во Скопје

253

Шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Единаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено. Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 10 нерегистрирани возила. Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 62 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.