Шест лица од кои две се деца загинале а уште три лица, меѓу кои едно е дете, се повредени во делумното уривање на зграда од девет катови во четвртокот попладнето во градот Ижевск, илјада километри источно од руската престолнина Москва, објавија во петокот локалните власти.
„Вкупно настрадаа девет лица, шест од нив загинаа. Едно дете е на стационарно лекување, а уште двајца луѓе се прегледани амбулантно“, соопшти министертвото за здравство на руската република Удмуртија во петокот.
Претходните податоци говореа за три жртви, од кои едно дете. Шестото тело е пронајдено во петокот утрото, соопштија претставници на службата за итна медицинска помош на републиката.
„Една жена е пронајдена во подрумот на зградата“, додале претставиците истакнувајќи дека потрагата и акцијата за спасување продолжуваат.
„Се проучуваат околностите во кои дошло до несреќата“, објави обвинителството на Ижевск, град со 650.000 жители.
Министерството за вонредни ситуации истакна во соопштение дека „зградата е делумно урната“ во 16,41 часот по локално време. Снимките од надзорните камери покажуваат силна експлозија од долен кат на зградата.
РИА Новости https://ria.ru/incidents/20171110/1508529600.html