Шеста победа во низа не Пејсерс

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ја остварија шестата последователна победа во НБА лигата, совладувајќи ги како гости Чикаго Булс со 119:116 по продолженијата.

Л.А. Лејкерс уште еднаш непријатно ги изненадија своите навивачи, откако беа поразени од просечниот тим на Њујорк Никс со 112:119. Очигледно е дека на тимот не му оди без Леброн Џејмс, откако тоа беше нивниот четврти пораз во последните пет натпревари.

„Кралот“ доби повреда на препоните на мечот против шампионот Голден Стејт на 25 декември, а се очекува да ги пропушти и следните два натпревари кои тимот на Лук Волтон ги игра на гости.

Во победничкиот тим, Тим Хардавеј Џуниор постигна 22 поени. Енес Кантер реализираше 16 поени, 15 скока, 3 асистенции и 3 блокади, а ист број на поени забележа Треј Бурки.

Кај „езерџиите“, Брендан Инграм беше најдобар со 21 поен, Кентавиус Колдвел Поуп постигна 19, а Џамал Меки додаде 18.

Резултати од НБА:

Кливленд – Јута 91:117
Бостон – Далас 114:93
Чикаго – Индијана 116:119 (по продолжение)
Мемфис – Бруклин 100:109
Мајами – Вашингтон 115:109
Минесота – Орландо 120:103
Милвоки – Атланта 144:112
Феникс – Лос Анџелес Клиперс 111:121
Лос Анџелес Лејкерс – Њујорк Никс 112:119
Портланд – Оклахома Сити 109:111.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.