Шестмина уапсени за планирање напад врз Макрон

Француската полиција уапсила во вторникот пет мажи и една жена, поврзани со екстремна десничарска групација, осомничени дека планирале напад врз Емануел Макрон, ден откако беше објавено дека крајната десница е во водство според рејтингот пред партијата на францускиот претседател.

Извор близок на разузнавачката агенција за внатрешна безбедност на Франција DGSI рекол дека биле наредени раци во три различни департмани, по наводно добиените информации за план за „насилна акција“ врз претседателот на Републиката.

Полициски извори рекле дека се приведени шест лица кои се припадници на радикалната крајна левица во Франција, пренесува агенцијата Reuters. Приведени биле во департманите Исер, југоисточно од Лион, во Мосеје на границата со Германија и Луксембург, и во Ил-е-Вилен близу градот Рен на северозападот од Франција.

Во интервјуто објавено во неделата Макрон предупреди на растечката поддршка за движењата од крајната десница ширум Европа, велејќи дека своевремено премолченото прифаќање го овозможило подемот на германскиот националсоцијалистички водач Адолф Хитлер и на италијанскиот фачистички лидер Бенито Мусолини, во 1930-те години.

Извор близок на истрагата рекол дека десетте лица кои во јуни годнава беа исттражувани под сомневања дека се поврзани со француската радикална десница и терористичи мрежи, биле осомничени за напади против муслимани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.