Шестмина загинаа, триесетина повредени во Србија

Шестмина загинаа, а триесетина лица се повредени во два верижни судири утрово на автопатот Белград-Ниш, помеѓу Ќуприја и Јагодина, јавуваат српските медиуми. Сообраќај во двете насоки е запрен, а во судирот учествуваа триесетина возила- камиони, автомобили од двете страни на автопатот.

Имено, истовремено се случија две сообраќајни несреќи, една во насока Белград- Ниш, а другата Ниш-Белград.

Во првата сообраќајна несреќа загинаа три лица загинаа, а десет лица беа повредени. Повеќе од десет возила учествуваа во несреќата, при што се запалија два камиони. Втората несреќа се случи на истото место, но во спротивен правец. И во оваа несреќа три лица загинаа, а повеќе од 10 беа повредени. Во несреќата имаше девет камиони и неколку автомобили.

Сообраќајните несреќи се случиле речиси во исто време во 7.15 часот.

Причина за нессреќата е густа магла поради која видливоста била намалена на десет метри.

Очевидци се во шок од ужасните глетки.

Беше многу непрегледно, видов покрај мене во автомобил мртва жена, а покрај неа две деца, рече еден од очевидците на ужасот на автопат.