Шестмина загинати во поплавите во Франција

Шест лица загинаа во големите поплави предизвикани од поројни дождови, кои паднаа утрово во југозападниот дел на Франција, пренесува Еуроњус.

Висок административен службеник на округот Оде, Ален Тирион  за БФМ ТВ изјави дека спасувачките хеликоптери морале да чекаат временските прилики да се поправат за да започне спасување на локалното население.

Луѓето се заробени на покриви. Ќе мора со воздухоплови да се евакуираат, бидејќи не можеме да пријдеме со бродови поради лошите временски услови. Тоа е премногу опасно, рече тој.

Во полавите за сега најпогодено се селата Конкес сур Орбиел и Вилардонел , каде што водите достигна до прозорците на првите катови на некои згради. Најмалку едно лице загинало кога го однело поплавата додека спиело.