Шестолигаш направи сензација во францускиот куп

Фудбалерите на францускиот шестолигаш Вири-Шатијон проредија сензација пласирајќи се во 16-финалето од националниот куп откако со 1:0 го совладаа прволигашот Анжер кој во 2017 година во финалето на ова натпреварување беше поразен со 0:1 од Пари Сен Жермен.

Прволигашот од парискот предградие беше голем фаворит пред дуелот, но клубот во чиишто редови две години како момченце играл Тиери Анри ја приреди една од најголемите сензации во историјата на купот на Франција. Стрелец на историскиот гол беше Мамаду Сако во 51 минута, а јунак на мечот беше домашниот голман Винсент Да Силва кој имаше дури осум одлични интервенции.

Изненадување приреди и третолигашот Антант кој, исто така, со 1:0 го совлада Монпелје. Решавачкиот погодок го постигна Матје Жеран во третата минута од судиското продолжение.

Од прволигашите и Нимс кој беше убедливо совлдан на гостувањето кај третолигашот Лион-Душер. Головите ги постигнаа Мендес во 13, Жулиен во 80 и Езекиан во 88 минута.

Неочекувано е елиминиран и второлигашот Ниор кој е поразен на гостувањето кај четвртолигашот Бержерак Перигор со 2:1. Ниор поведе во 15 минута преку Матје Санс, но Бержерак по две минути израмну преку Бисон, а во 26 минута поведе преку Белбашир. Во продолжение гостите имаа неколку добри шанси, но не успеаја да израмнат.