Сестрата на бизнисменот миленик на власта Стајиќ е новиот државен секретар во министерството за финансии

Јелена Таст е новиот државен секретр во министерството за финансии, а според извори станува збор за сестрата на гостиварскиот бизнисмен Владимир Стајиќ попознат по прекарот Роштиљ, кој минатата година беше споменуван како лице кое наводно нудел поткуп на пратеник од опозициската коалиција за поддршка на владејачкото мнозинство.

Според тогашните објави Владимир Стајиќ нудел поткуп од половина милион евра но бил одбиен од пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Стајиќ е сопственик на компанија која се занимава со нафтени деривати „Супертрејд“, а под оваа компанија е регистриран и брендот „Гулфоил“. Според медиумските натписи, компанијата на Владимир Стајиќ веќе во првата годоина од владењето на владата на Зоран Заев, добила 5,6 милиони евра од зделки со државата, добивајќи дури 38 тендер. Неговата компанија „Супертрејд“ ги наминала дури и гигaнтитe како „Лукоил“ и „Макпетрол“ по вредност на добиени тендери од државата.

Своевремено медиумите пишуваат дека Стајиќ, како и роднини на премиерот Заев, на сомнителен начин дишле во посед на луксузни автомобили и јахти на некои македонски бизнисмени кои биле рекетирани во случаи во кои се осомничени за финансиски малверзации. Тогаш весникот „Сведок“ објави дека „бентлито“ на бизнимсенот Сеат Кочан против кого тогаш се водеше процес, станало сопственост на Стајиќ.