Сестрата на Ким ги предупредува САД да не „создаваат проблеми“

Влијателната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун ги предупреди САД да не „создаваат проблеми“, во периодот кога претседателот Џо Бајдин се подготвува да ја одреди американската политика кон Пјонгјанг.

Како што пренесува BBC, Ким Јо-џонг во коментарот за севернокорејските државни медиуми ги критикува САД и Јужна Кореја поради изведување на традиционалните масовни заеднички воени вежби.

Коментарите на Ким доаѓаат ден пред предвиденото доаѓање на високи американски функционери во Сеул. Американсата влада соопштии дека со седмици се обидува да воспостави дипломатски контакт со Северна Кореја. Но официјален Пјонгјанг сѐ упте не го призна Бајден како нов американски претседател. Истовремено спорот меѓу двете земји поради севернокорејската нуклеарна и балистичкат програма и натаму траат.

Службениот весник на севернокрејската владејачка комунистичка партија Rodong Sinmun ја пренесува изјавата на Ки Јо-џонг.

„Мал совет за новата администрација на САД којашто настојува преку океан да го прошири мирисот на барутот на нашата земја. Доколку сака да смие мирно следните четири години, подобро е да се воздражи од тоа да создава проблеми уште на првиот човек“, пишува влијателната Ким.

Повторува дека нејзината земја е против заедничките американско-јужнокорејски воени вежби, коишто Северна Кореја ги опишува како подготовки за напад врз неа: „Јужнокорејската влда сега повторни го избура ‘маршот на војна’, ‘маршот на кризата’“.

Ким Јо-џонг е помладата сестра на Ким Џонг-ун и единствената меѓу браќата и сестрите којашто се смета за нему блиска и моќна сојузница.