Сестрата на Ким го нарече јужнокорејскиот претседател „американски папагал“

Ким Јо Џонг, влијателната сестра на северникорејскиот водач Ким Џонг-ун, го критикуваше во вторникот претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, дека е „папагал кој го одгледала Америка“, откако тој го критикуваше пробното лансирање ракети што неодамна го изведе Северна Кореја.

Северна Кореја има долга историја на користење на тестирањата на новите водови оружја, особено балистички ракети, со цел да испрати порака, што ги предизвикува тензиите во регионот, а минатата седмица првата ваква провокација по инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Пјонгјанг лансирањето на проектилите го објасни како одговор на масовните американско-јужнокорејски воени маневри кои традиционално се одржуваат двапати во годината.

САД и Јапонија соопштија дека Северна Кореја истрелала балистички ракети со среден дострел, забранети со Резолуцијата 1718 на Советот за безбедност при Обединетите нации, и оти тоа се смета за чин на „непријателство“, додека Пјонгјанг инсистира дека станува збор за наведувани тактички проектили.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој ги поддржува односите со Северна Кореја, во петокот одржа претпазлив говор во кој особено не се повикуваше на тестирањето на проектилите.

„Непожелни се постапките кои стојат на патот на обновување на дијалогот меѓу Пјонгјанг и Вашингтон“, рече Мун.

Неговиот говор предизвика осуди од страна на Пјонгјанг, а Ким Јо Џонг, која се смета за клучна советничка на својот брат, говорот го оцени како „врв на дрскоста“.

Останала „без зборови“, а нарекувајќи го јужнокорејскиот претседател „папагал кој го одгледал Америка“, Ким рекла дека ја користи „гангстерската логика на САД“, според соопштението коешто го пренесе севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

Администрацијата на американскиот претседател е во завршната фаза од создавањето план за политиките кон Северна Кореја, а Бајден неколкупати рече дека ќе настојува да ги обнови сојузите со регионалните партнерик како Јужна Кореја. Бајден го предупреди Пјонгјанг рече дека „ќе следува одговор, доколку ескалираат“ ракетните тестови. Но, сепак, ја остави вратата отворена за натамошна дипломатија, но Белата куќа во понеделникот објави дека Бајден „нема намера“ да се сретне со Ким.

Европските членки на Советот за безбедност на ОН побараа седница во вторникот на којашто ќе се разговара за спорното севернокорејско пробно лансирање ракети.