Сестрата на Ким порача дека Пјонгјанг ќе го направи „следниот чекор“ во односите со Сеул

Првиот заминик на челникот на оддел на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, Кин Јо Ио Џонг, помладата сестра на севернокорејскиот водач Ком Џонг-ун, изјави во саботата дека Пјонгјанг има намера да го направи „следниот чеко“ во односите со Јужна Кореја, пренесе службената севернокорејска новинска агенција KCNA.

„Мислам дека, секако, е дојдено време да ги прекинеме односите со јужнокорејската страна. Наскоро ќе го наравиме следниот чекор (во односите со Сеул). Јас, користејќи ја власта дадена од врховиот водач, нашата партија и земјата, му дадов наредба на оддрлот за работите за соработка со заемните односи со непријателот одлично да го преземе следниот чекор“, ја цитира младата Ким, агенцијата KCNA.

Таа, исто така, истакнала дека одлуката за следните чекори коишто ќе ги преземе Пјонгјанг во односите со Сеул, ќе „бидат доверени на Генералштабот на Корејската народна армија“.

Претходно агенцијата KCNA ја објави изјавата на шефот на секторот Обединет фронт на Централниот комитет на партијата, Жанг Гим Чол, во која се истакнува дека Северна Кореја ја загубила довербата во сегашната власт во Јужна Кореја и го предупредува Сеул за „несреќните и болни времиња“ во врска со спорот околу ширењето на пропагандни летоци од страна на јужнокорејските власти.

На 9-ти јуни Северна Кореја ги прекина сите комуникациски канали со Јужна Кореја, како одговор на испраќањето пропаганден материјал на севернокорејскатата територија. Поточно, сите телефонски врски со постојната меѓукорејска канцеларија за врски беа исјлучени, вклучуително и комуникацискиот канал меѓу армиите на Северто и Југот, како и директната итна линија меѓу челниците на двете земји, која ги поврзува зградата на Централниот комитет на КПК и резиденцијата на јужнокорејскиот претседател.