Сестри се пронајдоа по половина век благодарејќи на коронавирусот

91

Две сестри во американската сојузна држава Небраска, благодарејќи на пандемијата на коронавирусот се сретнаа по повеќе од 50 години, пренесува агенцијата UPI.

Како што се известува, 73-годишната Дорис Крипен се разболела во мај. Сметала дека има обичен грип, но нејзиното тело толку физички ослабело што паднала и си ја скршила раката. Притоа била тестирана и била позитивна на Covid-19, по што минала на болничко лекување речиси 30 дена.

По отпуштањето од болницата, Крипен ја препратиле во центарот за рехабилитација во градот Фремонт. И се покажало дека таму веќе 20 години работи нејзината сестра, 53-годишната Бев Боро. Штом Боро го видела името на Крипен на листата со пациенти, таа претпоставила дека станува збор за нејзината сестра.

„Не можев да поверувам. Помислив: ‘Боже мој, мислам дека ова е сестра ми“, изјавила Боро.

Бидејќи Крипен има прболеми со слухот и тешко слуша, Боро на таблата која ѝ помага во комуникацијата го напишала името на нивнио татко, а Крипен потврдил дека и таа е негова ќерка.

„Тоа беше благослов од Господа, што ме испрати тука, зашто доколку не ме испратеа овде (во центарот за регабилитација), немаше да ја понајдам“, рекла Крипен која долги години се обидувала да ја пронајде својата сестра.

Сестрите, коишто не се виделе речиси половина век, имаат заеднички татко а различни мајки. Крипен живеела со својата мајка, додека Боро била дадена на посвојување кога имала само шест месеци.

Во прилогот се додава дека сестрите имаат и други браќа и сестри, а Боро досега успеала да пронајде повеќето од нив, и оти сега можат сите да се соберат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.