Сеул депортираше двајца севернокорејци кои признале 16 убиства

Јужнокорејските власти депортирале во нивната татковина двајца државјани на Северна Кореја кои признале дека убиле 16 луѓе на рибарско бротче со кое пристигнале од Северот во Југот, пренесува во четвртокот јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на министерството за обединување во Сеул.

„Одлучивме да ги протераме (двајцата државјани на Северна Кореја), откако беше утврдено дека нивното прифаќање во нашето општество може да претставува закана за животот и безбедноста на нашите граѓани, и поради тоа што ваквите злосторниците, според меѓународното право, не може да се сметаат за бегалци“, рекол за агенцијата портпаролот на министерството задолжено за спојување на семејствата кои се разделени со меѓукорејската граница.

Додал дека пловилото, со коешто бегалците допловиле до брегот на Јужна Кореја, исто така, се планира да биде вратено на Северот.

Злосторниците биле прифатени на 2-ри ноември, недалеку од поморската граница меѓу двете земји и во текот на истрагата признале дека кон крајот на октомври тие заедно со уште еден морнар го убиле капетанот на бродот поради тоа што наводно лошо се однесувал со нив и ги тормозел, а потоа и другите членови на екипажот, кои се побуниле за инцидентот. Според приведените, тие ги фрлиле телата на жртвите од бродот. Потоа се обиделе да се вратат во Северна Кореја, но во пристаништето еден до соучесниците бил приведен од страна на локалната полиција, а другите двајца побегнале.