Сеул со лансирање на повеќе проектили одговори на ракетниот тест на Пјонгјанг

Јужнокорејската армија објави дека во четвртокот истрелала повеќе ракети како одговор на севернокорејското пробно лансирање, веројатно на интерконтинентален балистички проектил (ICBM) претходно денеска.

„Како идговор на севернокорејското лансирање на ICBM напите вјски заедничко истрелаа ракети од копно, море и воздух во правец на Јапонското Море“, објави Здружениот штаб на Јужна Кореја во соопштение.

Претхдно во четвртокот Северна Кореја истрелака проектил за кој во Сеул и во Токио оценуваат дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета со долг дострел, што би било првото тестирање севернокорејско тестирање на ова моќно оружје од 2017 година.

Дененшното лансирање, по неколките десетици други тестирања на разни видови проектили од Северна Кореја од почетокот на годинава, претставува крај на самонаметниот мораториум на тестирањето проектили со долг дострел и нуклеарно оружје.

„Станува збор за крешење на прекинот на лансирањето интерконтитентални балистички проектили што ѝ вети претседателот (на Северна Кореја) Ким Џонг-ун на меѓународната заедница. Тоа претставува сериозна закана за Корејскиот полуостров, регионот и меѓународната заедница“, се наведува во соопштението на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Додава и дека тоа претставува „јасно кршење“ на резилуцијата на Советот за безбедност при Обединеттите нации.

Северна Кореја официјално ги суспендираше тестирањата на ракетите со долг дострел на прековоите меѓу челникот Ким Џонг-ун и тогашниот американскиот претседател Доналд Трамп. Вашингтон и Сеул на почетокот од март предупредија дека Пјонјанг се подговтува да тестира интерконтинентален балистички проектил во целосен распон.

САД во четвртокот веднаш силно го осудија севернокорејските потези и објавија дека ќе бидат „преземени сите неопходни мерки за да се загарантира безбедноста на американската територија, Јужна Кореја и Јапонија“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Лансирањето е дрска кршење на повече резолуции на Советот за безбедност на ОН и непотребно ги поткрева тензиите во регионот“, реагираше портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки во моментов кога во Брисел американскиот претседател Џо Бајден се среќава сојузниците на самитот на НАТО, ЕУ и Г7.