Сеул тврди дека знае каде престојува Ким Џонг-ун

Јужнокорејските власти поседуваат веродостојни информации за локацијата на којашто престојува севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, соопшти во вторникот во Сеул министерот за соединување, Ким Јен-чол, седница на парламентот.

„Владата (на Јужна Кореја) го знае местот на кое се наоѓа Ким Џонг-ун“, го цитира новинската агенција Bloomberg јужнокорејскиот министер. Притоа Ким Јен-чол не дал дополнителни поединости.

Од своја страна, пак, јужнокорејската министерка за надворешни работи Канг Кјунг-ва одговарајќи на прашања за обезбедувањето информации за локацијата на која се наоѓа севернокорејскиот челник, одговорила дека „америкаската страна трабаше да биде известена“, појаснувајќи дека двете земји се во постојана комуникација во врска со Северна Кореја.

Претходно во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е во тек со здравствената состојба на Ким Џонг-убн, но откри пред новинарите да открие детали за темата.

Ким Џонг-ун се нема појавено во јавноста од 11-ти април кога претседавал со седница на највисокото тело на комунистичката партија на Северна Кореја. Шпекулациите за неговата тешка здравствена состојба, за која известија некои јужнокорејски медиуми и американската телевизија CNN, беа поттикнати и од инфроамциите дека Ким не присустувална 12-ти април на годишната седница на парламентот – Врховното народно собрание. Исто така и првпат откако дојде на власт не присуствувал на церемонијата во Камсуанскиот дворец на Сонцето, каде на 15-ти април беше одбележана 108-годишнината од раѓањето на неговиот дедо и основач на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.

Во недостиг од официјални соопштенија, медиумите шпекулираат за неговата здравствена состојба. Повеќе странски агенции пренесуваат дека тој е во критична состојба по операција на срцето, а некои соопштија дека дури и починал.