Во Сеул очекуваат дека Вашингтон ќе ги извести пред евентуален напад врз Пјонгјанг

Властите во Јужна Кореја веруваат дека американските сојузнии ќе ги известат доколку дојде до евентуален превентивен напад врз Северна кореја, изјави министерот за надворешни работи во четвртокот. Истовремено, Пекинг на Сеул му вети дека дополниелно ќе го заштити ако се откаже од својата нуклеарна амбиција.

Поради нуклеарните и ракетни тестови на Северна Кореја, САД минатиот викенд ја пренасочија својата ударна група воени бродови и носачи на авиони кон Корејскиот полуостров под изговор за одвраќање од намерите на Пјогјанг да спроведени нови лансирања на балистички проектили.

Аналитичарите сметаат дека Пјонгјан може да искористи во сабота планираната прослава по повод 105-годишнината од раѓањето на втемелуачот на северна Кореја и зачетник на династијата Ким, Ким Ил-сунг, дедото на сегашниот комунистички челник Ким Џонг-ун, како повод за шестиот нуклеарен тест. Пјонгјан често ги одбележува важните историски датуми со тестирања на својата нуклеарна програма или лансирање балистички проектили.

Според јужнокорејскио-американско сојуз, секоја важна мерка преземена кон Северот се донесува со консултации со владата на Јужна Кореја и така ќе биде и во иднина, изјави во чевртокот јужнокорејскиот министер за надворешни работи Јун Биунг.

Севернокорејскиот челник Ким Џон-ун ги следел воените вежби на своите спшецјални сили, извести исто така во четвртокот државната новинска агенција KCNA, во периодот кога растат тензиите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон во вреска со севернокорејската нуклеарна програма.

Кина, којашто е единствениот меѓународен сојузник и заштитник на режимот во Пјонгјанг, вети дека ќе ја зајакне заштитата на Северна Кореја доколку таа ја запре нуклеарната приграма.

Штом Северна Кореја го исполни кинескиот совет и ги суспендира нуклеарните активности (…) Кина актино ќе работи на тоа да ја заштити денуклеаризираната севернокорејската нација. Тоа е за Пјонгјанг најдобрата опција, пишува во воведникот на кинескиот весник на англиски јазик The Global Times во четвртокот.

severna koreja

Ден пред состаникот на Трамп и Кси на Флорида на којашто тема беа американско-кинеските трговски односи и севернокорејската нуклеарна програма, пјонгјанг истрела балистички проектил во Јапонското Море.

Северна Кореја се обидува да развие интерконтитнентални балистички проектили кои можат да носат нуклеарни боеви глави а коишто можат да долетаат до американскиот брег. Северна Кореја од неодамна ги зголеми својата нуклеарна програма, а изведе два нуклеарни теста и само во текот на минатата 2016 година истрела околу 20 балистички ракети.