Сеуште немаме датум за преговори иако ни ветуваа од власта дека тоа е завршена работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека сеуште немаме датум за преговори иако ни ветуваа од власта дека тоа е завршена работа.

Добро е што господинот Зоран Заев еве го слушнавме пред некој  ден јавно  на јавноста и кажа  дека ние се уште немае датум за започнување на преговори, а се сеќавате на тој негов настап  во рамките на парламентот уште некаде 2019  година, уште летото 2019 година кога во парламентот се обраќаше кон опозицијата и велеше дека сме добиле датум за преговори уште во јуни 2019 година еве ние сме сега јули 2020 година ќе биде јули 2020 уште малку позади нас ние сеуште немаме датумза преговори, туку напротив истиот Зоран Заев ни кажува дека очекува до крајот на оваа година откако ќе биде утврдена преговарачката рамка да ние добиеме датум кога ќе се случи таа меѓувладина конференција-истакна Мицкоски.

Мицкоски му се обрати на Зоран Заев и му рече дека треба да е честит и да ја каже вистината на граѓаните.